Публикуваме новината на оригиналния език

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119917

Тепачка пред манастирот Грачаница - две групи монаси разменуваа тупаници - едните како поддршка на сменетиот владика рашко-призренски Артемије, другите бидејќи ја почитуваат одлуката на Синодот на Српската православна црква за негово разрешување.

Како што јавуваат српските медиуми, до општата тепачка што се случи вчера пред манастирот Грачаница на Косово дошло кога групата предводена од црноречките калуѓери се обидела на сила да влезе во манастирот за да го заштити владиката Артемије.

Во тепачката на „светите лица“ нема повредени, а поголем инцидент спречиле војниците на КФОР.

Пред два дена Синодот на СПЦ поради сомнително работење го разреши владиката Артемие и на негово место како администратор го постави пензионираниот владика захумско-херцеговски Атанасије Јефтиќ.

Владиката Атанасије вчера и службено ја презема функцијата и одржа литургија пред околу 200 верници.

Монасите се степале непосредно по литургијата - се туркале и се влечеле за брадите, а успеале и насилно да влезат во манастирот.